Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, но со зголемен интензитет надвор од градските средини, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На граничниот премин Табановце, за влез и за излез од државата, патниците чекаат од околу 40 минути до еден час.
Слична е состојбата и на граничниот премин Богородица, каде возилата што ја напуштаат државата се задржуваат од 40 минути до еден час.
На останатите гранични премини, според информациите од АМСМ, нема подолги задржувања за влез или излез од Македонија.
Зголемената фреквенција на возила е очекувана поради засилениот викенд-сообраќај и поголемиот број патници кои патуваат кон соседните држави или се враќаат во земјава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
