Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 35 до 40 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 39 степени.
Според прогнозата, денеска и во сабота ќе продолжи периодот на сончево и екстремно топло време, при што на одделни места дневната температура ќе надмине 40 степени.
Од недела се очекува постепена промена на временските услови. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови и за невреме со силен ветер и појава на град.
Во текот на следната седмица температурите постепено ќе опаѓаат.
