Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака договор со САД за својата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да ги прифати американските услови.
Трамп порача дека главната цел на
Вашингтон останува иста – Иран да не поседува нуклеарно оружје. „Тие сакаат да постигнат договор, но не од типот што јас верувам дека е неопходен“, изјави американскиот претседател.
Тој се осврна и на улогата на Оман во дипломатските напори и повторното отворање на Ормускиот Теснец, оценувајќи дека земјата не се однесувала на најдобар начин.
Сепак, Трамп порача дека САД можат да се справат со ситуацијата и повтори дека нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
