Украинските сили во текот на ноќта извршиле масовен напад со беспилотни летала врз Москва и поширокиот московски регион, при што се пријавени повеќе пожари и материјална штета.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 197 украински дронови, додека според неофицијални информации биле лансирани повеќе од 600 летала. Во нападот наводно повторно е оштетен магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска интернет-продавница, која продава и делови за дронови и друга воена опрема. Пријавени се пожари и во фабрика за алуминиум во Московската област, како и на станбени објекти, но точниот обем на штетата сè уште не е познат.
Нападите врз Москва и други цели длабоко на руска територија се зачестија во последните месеци, а Киев наведува дека целта е слабеење на руските капацитети за водење на војната.
