Неделава се порибува Охридското Езеро со пастрмка, а во првата фаза ќе бидат пуштени 100.000 единки произведени од вештачкиот мрест во 2025 година.
Подмладокот е со просечна тежина од околу 16 грама, а порибувањето ќе трае пет до шест дена. Акцијата се спроведува на локалитетите Трпејца, Пештани, Радожда, Калишта, Охрид и Струга, под надзор на надлежните институции. Процесот ќе продолжи и во септември, кога во езерото треба да бидат пуштени уште околу 1,5 милиони единки охридска пастрмка од вештачкиот мрест во 2026 година.
Со двете фази, Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со вкупно околу 1,6 милиони пастрмки, со цел обновување и зачувување на популацијата на овој автохтон вид.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
