Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Јован Костадинов, што спаси 21 живот во пожарот во „Пулс“, е меѓу добитниците на светската награда „Младинска храброст 2026
    Република

    Јован Костадинов, што спаси 21 живот во пожарот во „Пулс“, е меѓу добитниците на светската награда „Младинска храброст 2026

    17/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е добитник на престижната светска награда „Младинска храброст 2026“, која му е доделена за неговиот херојски подвиг при трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани во март 2025 година, кога, ризикувајќи го сопствениот живот, спаси 21 лице.

    Признанието го доделува Академијата „Раул Валенберг“ во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, а е наменето за млади од 13 до 20 години кои преку храброст, морални вредности и лична иницијатива придонесуваат за позитивни промени во општеството.

    За овогодишното издание биле доставени номинации од 15 земји, меѓу кои Австралија, Канада, САД, Норвешка, Шведска, Полска, Србија и Црна Гора, а Костадинов е еден од вкупно 16 добитници.

    Наградата е востановена во 2015 година во чест на хуманитарецот Раул Валенберг, со цел да ги истакне младите како двигатели на хуманоста, солидарноста и општествените промени.

    Генералната секретарка на Академијата „Раул Валенберг“, Ана Уромби, истакна дека во време кога улогата на младите често се потценува, особено е важно да се препознаат оние кои со своите дела прават вистинска разлика.

    „Овогодишните добитници покажуваат како младите можат да ги претворат вредностите во конкретни дела и да придонесат за подобар живот на другите, во духот на Раул Валенберг“, изјави Уромби.

    Генералната директорка на Шведскиот институт, Мадлен Шестед, оцени дека големиот број држави вклучени во наградата е доказ дека младите ширум светот се силен двигател на човековите права и демократските вредности.

    Сите 16 добитници ќе престојуваат во Шведска од 25 до 28 август. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 27 август во Стокхолм, по повод Денот на Раул Валенберг, а младите ќе учествуваат и во специјалната едукативна програма „По стапките на Раул“, при што ќе се сретнат и со шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард.

    Поврзани вести:

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.