Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Армијата одбележува 34 години постоење со свечености во Скопје и Штип
    Република

    Армијата одбележува 34 години постоење со свечености во Скопје и Штип

    17/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со повеќе свечени активности во Скопје и Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија.

    По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва во 19 часот, припадници на артилерискиот баталјон ќе извршат почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Пред свечената церемонија, во 18 часот ќе биде реализирана пробна артилериска стрелба со еден плотун.

    Годишнината ќе биде одбележана и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде ќе биде извршена смотра на 2. пешадиски баталјон и други армиски единици.

    На свеченоста се очекува да присуствуваат претставници од повисоката команда на Армијата, градоначалници од зоната на одговорност на 2. пешадиски баталјон, директори и раководители на јавни претпријатија и институции во Штип, како и претставници на верските заедници.

    Денот на Армијата се одбележува на 18 август, датумот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, кој се смета за првата организирана воена формација на Народноослободителната војска на Македонија.

    Формирањето на современата македонска Армија започна во 1992 година, по договорот за дислокација на Југословенската народна армија од територијата на тогашната Република Македонија, кој го потпиша тогашниот претседател Киро Глигоров.

    Денес македонската Армија е дел од најголемиот колективен безбедносен систем во светот, откако Северна Македонија во март 2020 година стана 30-та полноправна членка на НАТО.

    Поврзани вести:

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.