Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон значително да го намали обемот на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, кои треба да почнат на 17 август.
Трамп оцени дека вежбите се скапи и
испраќаат „несоодветен и непријателски сигнал“ кон Северна Кореја, истакнувајќи дека има многу добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој изрази незадоволство и од одлуката на Сеул да не им се приклучи на САД во акциите поврзани со Иран.
Годишните вежби се планирани од 17 до 27 август, а Трамп порача дека е предоцна тие целосно да бидат откажани. За време на својот прв претседателски мандат Трамп
веќе го намалуваше обемот на воените вежби со Јужна Кореја, во периодот кога водеше директни преговори со Ким Џонг Ун.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
