Шест лица загинаа, а уште четворица се повредени во украински ракетни напади врз рускиот регион Белгород, соопштија локалните власти. Меѓуbповредените е и 14-годишно дете кое е пренесено во болница.
Нападите следуваат само една ноќ по, како што тврди Москва, најголемиот украински напад врз руска територија оваа година, во кој загинаа најмалку седум лица.
Истовремено, во руските напади врз Украина загинале најмалку седум лица, а повеќе од 39 биле повредени.
Во последните недели Москва ги засили ракетните напади врз Украина, додека Киев ги интензивира нападите со беспилотни летала и ракети врз цели на руска територија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
