Македонското Обвинителство за гонење организиран криминал отвори постапка против едно лице, додека за уште три лица се води постапка во Грција за шверц на 324bкилограми марихуана, која била скриена во бали со рециклирана хартија. Марихуаната од Македонија требало да патува кон Турција, но завршила на изнајмен плац во Солун, каде грчката полиција ја пронашла.
Случајот е дел од меѓународната полициска акција „Вардарис“, по четиримесечна предистрага на службите од Македонија, Косово и Грција.
Според Обвинителството, осомничениот уште во февруари набавил товарно возило, а потоа и приколка, при што како покритие бил организиран транспорт на рециклирана хартија кон Турција.
На 8 март камионот ја напуштил Македонија преку Бугарија, но наместо кон Турција се упатил кон Солун, каде приколката била оставена на затворен плац.
