Пожарот што подолго време гори на територијата на Општина Македонски
Брод е локализиран, а повеќе негови краци се целосно изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Најтешка била состојбата над селото Локвица, на тешко пристапен планински терен во правец кон ловиштето „Јасен“.
Во гаснењето биле ангажирани 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на ДЗС, со поддршка од три авиони „Ер трактор“ и хеликоптер на МВР.
За поефикасна интервенција бил поставен и монтажен базен, од кој хеликоптерот можел да полни вода на секои три до четири минути.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
