Во текот на засилените сообраќајни контроли спроведени во периодот од 3 до 9 август 2026 година, полициските службеници евидентирале вкупно 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека контролите биле реализирани на повеќе патни правци низ државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од неприлагодена брзина.
Министерството најавува дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период, а апелира до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
