Откако надлежните институции соопштија дека водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, неколку функционери денеска симболично се напија вода директно од јавна чешма во градот.
Со овој потег тие сакаа да испратат порака до граѓаните дека водата повторно може безбедно да се користи за пиење и секојдневна употреба.
Пред присутните, функционерите испија вода од чешмата, истакнувајќи дека по спроведените анализи и контроли, квалитетот на водата е оценет како исправен и безбеден за консумирање.
Тие порачаа дека здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат приоритет, нагласувајќи дека контролите на квалитетот на водата ќе продолжат и во наредниот период.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
