Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Драматична евакуација на Халкидики: Стотици туристи спасени преку море
    Свет

    Драматична евакуација на Халкидики: Стотици туристи спасени преку море

    14/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Состојбата со големиот шумски пожар на Халкидики вечерва е значително подобрена, соопшти директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Иако пожарот сè уште не е целосно изгаснат, огнената линија е ставена под контрола, а гаснењето ќе продолжи и во текот на ноќта.

    Пожарот, кој избувна околу 14 часот во близина на Сивири, зафати шумски површини, домови и возила. Во интервенцијата полесно се повредени двајца пожарникари.

    Во акцијата за гаснење се ангажирани 227 пожарникари, 13 пешадиски тимови и 57 противпожарни возила. Помош пристигна и од Молдавија, чии 12 пожарникари со три возила учествуваат во интервенцијата преку европскиот механизам за цивилна заштита. До зајдисонце пожарот се гаснеше и од воздух со девет авиони и седум хеликоптери.

    Поради опасноста, по морски пат беа евакуирани вкупно 481 лице, меѓу кои туристи и жители. Од плажата во Сивири, 285 лица беа пренесени во марината во Сани, додека уште 196 лица со траект беа транспортирани до Солун.

    Сивири останува целосно евакуирано, а властите засега не дозволуваат враќање на жителите и туристите. Во прекин е и сообраќајот во поширокиот регион.

    Во текот на денот грчките власти испратија четири предупредувања преку системот 112, од кои три беа наредби за евакуација на Сивири и Фурка.

    Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција активираше и специјална платформа за привремено сместување на лицата погодени од пожарот.

    Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија соопштија дека преку Конзулатот во Солун ја следат состојбата и апелираат македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја строго да ги почитуваат упатствата на грчките власти.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.