Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Во утринскиот извештај се наведува дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
