Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
– Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. – се вели во соопштението од МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причината и околностите за смртта.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Пред ангажманот во „Алсат“, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
