Тројца жители на тетовското село Џепчиште се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана.
Од СВР Тетово информираат дека на 11 август 2026 година, околу 16 часот, полициски службеници во селото ги привеле Н.А. (20), Б.Д. (19) и С.Е. (19), сите жители на Џепчиште.
При извршениот преглед кај тројцата била пронајдена и одземена марихуана.
Покрај тоа, од Н.А. било одземено и патничко возило „Рено Твинго“, за кое, според информациите од полицијата, не поседувал соодветна документација.
Тројцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
