Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » ЦУК: Два пожари сè уште активни, 12 изгаснати низ Македонија
    Хроника

    ЦУК: Два пожари сè уште активни, 12 изгаснати низ Македонија

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Активен е пожарот во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде што огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Вториот активен пожар е во Општина Ново Село, на планината Огражден, каде што гори депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

    Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Делчево, каде што противпожарните екипи успеале да го локализираат огнот и да спречат негово понатамошно ширење.

    Во текот на денот целосно се изгаснати 12 пожари на различни локации низ државата. Интервенции имало кај селото Блатец во Општина Виница, населбата Света Петка во Штип, селото Горенци во Општина Центар Жупа, селото Бачинци во Општина Кичево, во близина на Филтерната станица за вода во Општина Лозово, населбата Средорек во Куманово, селото Милетино во Општина Брвеница, селото Долна Лешница во Општина Желино, селото Слатина во Општина Теарце, во близина на ресторанот „Чифлик“ во Општина Врапчиште, кај селото Трубарево во Општина Гази Баба и кај селото Долно Свиларе во Општина Сарај.

    Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и остануваат подготвени за интервенција доколку се појават нови жаришта.

    Поврзани вести:

    Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

    Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

    Двајца малолетници лишени од слобода во Скопје, се сомничат за разбојништво во обид

    Двајца малолетници лишени од слобода во Скопје, се сомничат за разбојништво во обид

    Шест активни пожари во земјава, ЦУК регистрира вкупно 15 огнени жаришта

    Шест активни пожари во земјава, ЦУК регистрира вкупно 15 огнени жаришта

    Жена од Велешко пријавила напад во домот, ја нападнале татко ѝ и брат ѝ

    Жена од Велешко пријавила напад во домот, ја нападнале татко ѝ и брат ѝ

    Црн биланс викендов во Македонија: Две лица пронајдени починати, две лица загинаа во сообраќајки

    Црн биланс викендов во Македонија: Две лица пронајдени починати, две лица загинаа во сообраќајки

    Сообраќајна несреќа со четири возила го блокира патот Гостивар – Стража

    Сообраќајна несреќа со четири возила го блокира патот Гостивар – Стража

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 13
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

    11/08/2026

    Двајца малолетници лишени од слобода во Скопје, се сомничат за разбојништво во обид

    11/08/2026

    Шест активни пожари во земјава, ЦУК регистрира вкупно 15 огнени жаришта

    10/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.