Во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани, вчера попладне била пронајдена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид од страна на охриѓанецот А.С.
По добиената пријава, надлежните институции веднаш биле известени, а за безбедно подигнување и отстранување на експлозивната направа е известена Дирекцијата за заштита и спасување.
Засега нема информации за каков вид бомба станува збор, ниту како експлозивната направа завршила во езерските води. Надлежните служби преземаат мерки за безбедно отстранување и расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
