Утре и во петок со почеток во 9 часот се спроведува августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јунскиот рок.
Утре се полага изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура.
Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија ќе се организира во четири градови на осум локации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
