Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје: Бараат изземање од правилото 90 дена во Шенген
    Република

    Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје: Бараат изземање од правилото 90 дена во Шенген

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан, на која ќе се разговара за проблемот со кој се соочуваат професионалните возачи при престојот во Шенген зоната.

    На средбата ќе се утврдат конкретните активности што превозниците ќе ги преземат во наредниот период, со цел да се изнајде решение за ограничувањето на престојот во земјите од Шенген.

    Проблемот особено ги погоди професионалните возачи од земјите од Западен Балкан, откако Европската Унија ги примени правилата според кои на државјаните од земји надвор од Шенген зоната им е дозволен престој до 90 дена во рамките на период од 180 дена.

    Превозниците сметаат дека ова правило создава сериозни проблеми за нивниот сектор, имајќи предвид дека возачите поради природата на работата често престојуваат на територијата на Европската Унија.

    Тие бараат професионалните возачи да бидат изземени од ограничувањето, бидејќи нивниот престој во Шенген зоната е поврзан со извршување на работните обврски и меѓународниот транспорт на стоки.

    Против ваквата одлука превозниците веќе протестираа, но проблемот сè уште не е решен.

    На денешната средба во Скопје, која првпат се организира со учество на регионални здруженија, се очекува да присуствуваат претставници на превозниците од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

    „Проблемот сè уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности“, изјави Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

    Од средбата се очекува да произлезат заеднички ставови и конкретни чекори со кои превозниците од регионот ќе се обидат да издејствуваат промена на актуелните правила и олеснување на условите за професионалните возачи кои секојдневно работат на релации со земјите од Европската Унија.

    Поврзани вести:

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    21/10/2026

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.