Жена од село во Велешко пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати во нивниот дом од нејзиниот татко и брат, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, во нападот бил употребен и дрвен предмет, кој подоцна бил пронајден и одземен од страна на полицијата. Од МВР не го откриваат името на селото, со цел заштита на жртвите.
„На 09.08.2026 во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко пријави дека во домот, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и нејзиниот брат А.Џ., при што употребиле и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти МВР.
Од полицијата засега не соопштуваат дополнителни детали за причините и околностите што му претходеле на нападот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
