Македонските кошаркарски кадети со фантастичен пресврт стигнаа до втората победа на Европското првенство Б-дивизија, откако вечерва во Гевгелија ја совладаа Швајцарија со 89:76.
Нашите млади кошаркари одиграа две сосема различни полувремиња. По првите две четвртини Македонија имаше сериозна негатива, но во продолжението следуваше целосен пресврт и одлична реакција на македонските кадети.
Клучна беше третата четвртина, која Македонија ја доби со 26:14, со што значително ја намали негативата. Во последните десет минути нашите кошаркари продолжија во ист ритам и со неверојатна серија ја презедоа контролата врз натпреварот. Последната четвртина заврши со убедливи 25:9 за Македонија.
Со одличната игра во второто полувреме, македонските кадети не само што успеаја да ја надополнат негативата, туку на крајот стигнаа и до убедлива победа од 89:76.
Најфикасен во македонскиот состав беше Коневски со 26 поени. Зунзуровски постигна 19, додека Шабани натпреварот го заврши со 18 поени.
Ова е втора победа за Македонија на Европското првенство Б-дивизија, по што избраниците продолжуваат со позитивна атмосфера и зголемена самодоверба во продолжението од шампионатот.
