Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули откако се водат мерења, со просечна температура од 21,62 Целзиусови степени, соопшти европската климатска служба „Коперникус“.
Тоа е за 2,79 степени повеќе од просекот за периодот од 1991 до 2020 година.
На рекордните температури им претходеше невообичаено долг топлотен период кој започна кон крајот на пролетта, со четири топлотни бранови од крајот на мај.
Додека западниот дел од Европа бележеше температурни рекорди, источна Европа и Скандинавија имаа значително посвежо време.
На глобално ниво, јули годинава беше вториот најтопол досега, изедначувајќи се со јули 2024 година.
Просечната глобална температура достигна 16,9 степени, што е 1,47 степени над прединдустрискиот просек.
Најтопол јули во историјата останува јули 2023 година, кога беше измерена просечна глобална температура од 16,95 степени.
