Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за обид за убиство и семејно насилство. Против 37-годишниот Д.В. е поднесена пријава за „убиство во обид“, откако по расправија со
нож нападнал 38-годишен скопјанец и му нанел тешки телесни повреди.
Осомничениот бил уапсен веднаш по нападот, пронајден е и ножот, а судија на претходна постапка му одредил притвор од 30 дена.
Во вториот случај, кривична пријава е поднесена против 57-годишниот С.Р., кој се сомничи дека подолг период физички ги малтретирал сопругата и нивните деца, а при последниот напад со тврд предмет тешко ја повредил сопругата и ја нападнал една од ќерките.
По неговото приведување, по брза постапка му е определен притвор во траење од осум дена.
