Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден–Марино го уапсила 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола. При контролата било утврдено дека возачот на автомобил „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта, по што возилото му било одземено.
За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период. Од МВР апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
