Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 38 степени. Попладне на повеќе места ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со температура до 37 степени. И во наредните денови продолжува топлотниот бран, при што во одделни делови од земјата температурите ќе достигнуваат и до 40 степени.
Метеоролозите најавуваат дека и понатаму во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
