Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Винисиус останува во Реал Мадрид до 2032 година
    Спорт

    Винисиус останува во Реал Мадрид до 2032 година

    06/08/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Реал Мадрид официјално ја потврди продолжената соработка со Винисиус Жуниор, кој потпиша нов договор и ќе остане во редовите на „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2032 година.

    Со потпишувањето на новиот договор завршија сите шпекулации околу иднината на бразилскиот репрезентативец, кој и во наредните години ќе биде еден од главните носители на играта на мадридскиот гигант.

    „Реал Мадрид и Винисиус Жуниор постигнаа договор за продолжување на соработката, со кој фудбалерот ќе остане во клубот до 30 јуни 2032 година“, соопштија од шпанскиот великан.

    По потпишувањето на договорот, Винисиус не ја криеше радоста што ќе продолжи да го носи дресот на клубот во кој се изгради во една од најголемите светски фудбалски ѕвезди.

    „Осум години на ‘Бернабеу’ се многу малку. Уште шест години и засекогаш, Реал Мадрид“, порача Бразилецот.

    Продолжувањето на договорот претставува голема победа за Реал Мадрид, кој успеа да го задржи еден од своите највредни фудбалери и играч околу кого ќе ја гради иднината на тимот.

    Според шпанските медиуми, задоволен од ваквиот развој на настаните е и тренерот Жозе Мурињо, кој инсистирал клубот да ја продолжи соработката со Винисиус, сметајќи го за еден од најважните играчи во тимот и клучен адут во борбата за најголемите трофеи.

    Поврзани вести:

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    Партизан го надигра Милано, Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Валенсија

    Партизан го надигра Милано, Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Валенсија

    Белгија и Франција со победи на гостувањата, Зидан славеше на дебито

    Белгија и Франција со победи на гостувањата, Зидан славеше на дебито

    Драгица Глигорова обезбеди медал на Светското првенство, Македонија со две финалиња и две полуфиналиња

    Драгица Глигорова обезбеди медал на Светското првенство, Македонија со две финалиња и две полуфиналиња

    Ален Рустемовски испиша историја – европска бронза за Македонија по две децении

    Ален Рустемовски испиша историја – европска бронза за Македонија по две децении

    Стартот на АБА и АБА 2 лигата е одложен, нов термин засега нема

    Стартот на АБА и АБА 2 лигата е одложен, нов термин засега нема

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    27/09/2026

    Партизан го надигра Милано, Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Валенсија

    25/09/2026

    Белгија и Франција со победи на гостувањата, Зидан славеше на дебито

    25/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.