Украина изврши напад со дронови врз две големи руски нафтени рафинерии, оддалечени стотици километри од границата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека цел биле рафинериите во Јарослав и во Башкортостан.
Руските власти соопштија дека регионот Јарослав бил цел на најголемиот напад досега, при што противвоздушната одбрана соборила 92 дрона.
Зеленски оцени дека нападите ќе ги намалат приходите на Русија од нафта и ќе го зголемат притисокот за дипломатско решение на конфликтот.
Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени вкупно 605 украински дронови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
