Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Тошковски апелира до гостиварци: Пуштете ја водата за побрзо прочистување на мрежата
    Република

    Тошковски апелира до гостиварци: Пуштете ја водата за побрзо прочистување на мрежата

    04/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна, а надлежните не прецизираат кога ќе биде укината забраната. По денешната седница на Кризниот штаб беше соопштено дека состојбата останува речиси непроменета.

    Според надлежните, водата може да се користи само за технички потреби, миење и капење, додека доставата на флаширана вода за пиење до жителите ќе продолжи и во наредниот период.

    Откако водоводниот систем беше загаден со фекални бактерии, сега во дел од примероците е детектирана бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која може да биде опасна, особено за лицата со ослабен имунитет.

    Експертот од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија Аневска, која учествува во процесот на санација, објасни дека оваа бактерија најчесто се појавува како биофилм во водоводните цевки и е карактеристична за застоена вода.

    „Поради претходната забрана водата воопшто да не се користи, очекувано беше да се појави ваква бактерија. Затоа се постапува според протоколите – зголемено е нивото на хлорирање кај каптажата, а водоводната мрежа се испира во повеќе циклуси. Лабораторискиот мониторинг се спроведува континуирано“, изјави Аневска.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој раководи со Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, рече дека засиленото хлорирање продолжува и апелираше граѓаните да ја испуштат водата што стои во нивните домашни инсталации, со цел побрзо прочистување на целокупниот систем.

    Забраната за употреба на водата во Гостивар беше воведена на 17 јули, а од 27 јули е дозволена само техничка употреба. Иако претходно беше најавувано дека водата ќе стане безбедна за пиење до крајот на минатата недела, тоа сè уште не се случи. Надлежните велат дека јавноста ќе биде известена веднаш штом анализите потврдат дека водата е исправна.

    Поврзани вести:

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    21/10/2026

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    21/10/2026

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.