Тринаесетгодишно девојче загина, а уште две деца се повредени во напад со украински дрон врз детско игралиште во руската Белгородска област, соопштија локалните власти. Според вршителот на должноста гувернер, дронот погодил простор во близина на игралиште во селото Принцевка, недалеку од украинската граница. Повредените девојчиња, на возраст од седум и девет години, се хоспитализирани.
Руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова го осуди нападот, нарекувајќи го „нехуман терористички чин“. Во текот на ноќта, украински беспилотни летала погодиле и руски технолошки институт кој развива дронови и воена технологија. Украина засега официјално не се огласи за нападите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
