„Љубанци и Љуботен – двете села во општина Бутел, конечно ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водовод, откако Владата на Општината и обезбеди над 110 милиони денари за реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Тој изјави и дека ова е ден за историја, не само за Љубанци и Љуботен, туку и за цела Бутел, затоа што по децении чекање, жителите на овие села конечно ќе имаат безбеден пристап до чиста вода за пиење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
