Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ИЈЗ со препораки за безбедно патување: Информирајте се за здравствените ризици и заштитете се од инфекции
    Република

    ИЈЗ со препораки за безбедно патување: Информирајте се за здравствените ризици и заштитете се од инфекции

    01/08/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита на здравјето при патување, апелирајќи граѓаните навреме да се информираат за здравствените ризици во земјите што планираат да ги посетат.

    Од ИЈЗ советуваат најмалку еден месец пред патувањето да се провери дали за дестинацијата се препорачува вакцинација или превентивна терапија, како што се вакцина против жолта треска или заштита од маларија. Истовремено, се препорачува сите патници, особено децата, да имаат примено редовни вакцини, а за дополнителни информации да се консултираат со матичниот лекар или со надлежниот Центар за јавно здравје.

    Во патната торба задолжително треба да се понесат редовната терапија, средства за прва помош, лекови против температура и болка, препарати за стомачни тегоби, средство за дезинфекција на раце, репелент против инсекти, крем за сончање со заштитен фактор од најмалку СПФ 30, како и здравствена документација и полиса за патничко здравствено осигурување доколку ја поседувате.

    ИЈЗ препорачува употреба на репеленти против комарци, особено при патување во региони каде што постои ризик од заболувања како денга, чикунгуња, зика или маларија. Се советува користење препарати на база на DEET или икаридин, нанесени според упатствата на производителот. Доколку се користи и крем за сончање, прво треба да се нанесе кремот, а потоа репелентот.

    Бремените жени, доилките и децата треба да користат само препарати што се одобрени за нивната возраст и состојба. Дополнително, се препорачува носење светла и лесна облека од природни материјали со долги ракави и ногавици, како и затворени обувки кога условите го дозволуваат.

    Од Институтот потсетуваат дека комарците кои пренесуваат денга, чикунгуња и зика се најактивни преку ден, додека комарците што ја пренесуваат маларијата се најактивни од самрак до изгрејсонце. Затоа се препорачува престој во климатизирани простории или во објекти со заштитни мрежи, а при спиење на отворено да се користи мрежа третирана со инсектицид.

    Доколку за време на патувањето се појават покачена телесна температура, осип, силна главоболка, повраќање или други симптоми на заболување, неопходно е веднаш да се побара медицинска помош.

    Во однос на капењето и рекреацијата на вода, ИЈЗ советува да се користат само уредени и контролирани капалишта, да се избегнува загадена вода, да не се голта вода при капење и да се внимава малите деца да не внесуваат вода во устата. По капење се препорачува туширање со чиста вода и миење на рацете пред јадење. Лицата со отворени рани треба да избегнуваат капење во природни водни површини, а при пловење задолжително да користат спасувачки елек.

    Доколку во рок од три недели по враќањето од патување се појават покачена температура или симптоми на заразна болест, граѓаните треба задолжително да го информираат својот лекар каде и кога патувале. Од ИЈЗ потсетуваат и дека по враќањето од одредени земји може привремено да биде одложено доброволното дарување крв.

    Поврзани вести:

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.