Eпидемиолошката состојба во Гостивар покажува знаци на подобрување, со значително намалување на бројот на лица кои побарале лекарска помош, што е позитивен показател, но состојбата внимателно се следи, информира Министерството за здравство.
Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов во болница се лекуваат четворица пациенти.
Од почетокот на следењето на состојбата, реализирани се вкупно 4.483 први прегледи, а обработени се 706 епидемиолошки анкети.
Министерството информира дека заклучно со 30 јули, во земјава се потврдени 13 случаи на западнонилска треска. На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 10 пациенти, од кои тројца се во критична состојба.
На терен пак, превентивно се спроведе дополнителна терестичка дезинсекција против комарци, со цел да се намали ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.
