Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Потврдени три нови случаи на западнонилска треска во Македонија
    Република

    Потврдени три нови случаи на западнонилска треска во Македонија

    29/07/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија се потврдени уште три нови случаи на западнонилска треска, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, нагласувајќи дека здравствените институции будно ја следат состојбата и продолжуваат со спроведување на превентивни мерки.

    Двајца од новорегистрираните пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека третиот се лекува на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија инфекцијата засега е потврдена со еден лабораториски тест, а во тек се дополнителни испитувања за конечна потврда.

    „Кај овие пациенти се спроведуваат анализи со повеќе дијагностички методи, вклучително и испитување на ликвор и други примероци, а истовремено се изработуваат и епидемиолошки анкети“, изјави Клековски.

    Министерот посочи дека меѓу заболените има лица кои не патувале надвор од државата, што укажува на локална циркулација на вирусот. Дел од случаите се регистрирани во Скопско Поле, додека дополнителни анализи се вршат и за пациент од Велес.

    Како превентивна мерка, Центарот за јавно здравје – Скопје веќе започнал дезинсекција во радиус од 200 метри околу местата на живеење на потврдените случаи.

    Од Министерството за здравство најавуваат дека понатамошните активности ќе зависат од резултатите од епидемиолошките анкети и анализата на регистрираните случаи, по што ќе се донесе одлука дали ќе биде потребно дополнително прскање против комарци.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.