Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Битола повторно е светски центар на фолклорот и традицијата, истакна Коњановски
    Screenshot
    Република

    Битола повторно е светски центар на фолклорот и традицијата, истакна Коњановски

    28/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што се среќаваат културите, традициите и народите од целиот свет.

    Отворањето беше означено со традиционалното фолклорно дефиле низ Широк Сокак, на кое стотици учесници од земјата и странство ги претставија богатството на народните носии, музиката и игрите. Фестивалските вечери започнаа на платото пред Офицерскиот дом со изведбата на „Комитската легенда“ од КУД „Илинден“ од Битола.

    Во своето обраќање, Коњановски истакна дека градот веќе две недели живее во духот на фолклорот, традицијата, песната, играта, филмот и едукацијата, нагласувајќи дека годинашното мото „Точка на поврзување“ најдобро ја отсликува мисијата на фестивалот.

    „Со 77 настани, повеќе од 1.300 учесници и седум концерти на македонски уметници, Битола повторно станува центар на домашниот и светскиот фолклор, простор за дијалог меѓу културите и промотор на македонската традиција“, рече Коњановски.

    Тој им честиташе на организаторите за успешно подготвеното издание на фестивалот и го поздрави новиот визуелен идентитет, во кој централно место имаат македонската народна носија, интернационалната носија и глуварчето како симбол на поврзување и размена меѓу народите.

    Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која истакна дека преку „Илинденски денови“ пред светот ќе биде претставен автентичниот македонски фолклор, со неговите препознатливи инструменти и единствениот седумосмински ритам.

    Годинава на фестивалот ќе настапат 34 фолклорни групи и ансамбли од Македонија, САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска. Со 18 фестивалски денови исполнети со уметнички, научни и едукативни содржини, ова е најдолгото издание на „Илинденски денови“ во неговата историја.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.