Во Гостивар вчера се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 91 нови прегледи, од кои 41 на инфективното одделение, 50 на педијатриското одделение.
На инфективното одделение е примен еден пациент на болничко лекување и еден е хоспитализиран на педијатриското одделение.
Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 36 нови прегледи во дежурна служба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
