Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Иран тврди дека погодил американски цели во Бахреин, нема независна потврда
    Свет

    Иран тврди дека погодил американски цели во Бахреин, нема независна потврда

    21/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршила ракетен напад врз американски воени цели и инфраструктура во Бахреин, при што, според тврдењата на Техеран, била погодена и инфраструктура поврзана со американската компанија „Амазон“.

    Според соопштението на ИРГЦ, воздухопловно-вселенските сили употребиле повеќе крстосувачки ракети, а цел на нападот биле објекти во областите Мухарак и Рифа. Како погодени цели се наведуваат системи за противвоздушна одбрана, радарски инсталации и објекти за кои Иран тврди дека се поврзани со американски технолошки капацитети.

    Засега нема независна потврда за овие наводи. Властите во Бахреин, Соединетите Американски Држави, како и компанијата „Амазон“, сè уште немаат излезено со официјални информации во врска со тврдењата на Иран.

    Од ИРГЦ наведуваат дека нападот бил одговор на, како што тврдат, американски напад врз цивилни објекти во изградба во Дарховин. Иранските власти во меѓувреме побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Советот за безбедност на Обединетите нации да го осудат американскиот напад врз нуклеарната централа Дарховин.

    Од МААЕ информираа дека ги разгледуваат добиените информации за инцидентот, но досега немаат објавено независна проценка или потврда за случувањата.

    Новата размена на обвинувања дополнително ги зголемува тензиите на Блискиот Исток, каде во последниот период се интензивираат заканите и воените активности меѓу Иран и САД.

    Поврзани вести:

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    20/10/2026

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.