Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Викенд колони на „Дојран“, се чека до 30 минути за излез од државата
    Република

    Викенд колони на „Дојран“, се чека до 30 минути за излез од државата

    19/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Викендот донесе зголемен сообраќаен метеж на граничните премини кон Грција, а најголеми гужви денеска се забележани на граничниот премин „Дојран“.

    Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека времето на чекање за излез од државата на овој премин изнесува околу 30 минути. Од граничниот премин потврдуваат дека уште од раните утрински часови биле формирани неколкукилометарски колони, кои во текот на денот постепено се намалуваат.

    „На македонска страна се чека од 20 до 30 минути, додека на грчката страна задржувањата се двојно подолги. Најголема фреквенција има во раните утрински часови, а нов бран возила се очекува по 18 часот, кога туристите почнуваат да се враќаат. Традиционално, најголеми гужви има за време на викендите и на датумите кога се менуваат туристичките аранжмани, како 20 и 30 јули, 1 и 10 август“, велат од ГП „Дојран“.

    Според податоците на Министерството за внатрешни работи, засилена фреквенција е регистрирана и на граничниот премин „Богородица“. Од вчера до денеска напладне од државата излегле 6.100 македонски државјани, а влегле 2.022. Во истиот период Македонија ја напуштиле 15.871 странски државјанин, додека влегле 7.878 лица.

    Зголемен сообраќај е забележан и на граничниот премин „Табановце“, каде во државата влегле 17.448 странски државјани, а излегле 14.872. На влез се евидентирани и 9.958 македонски државјани, додека 3.174 ја напуштиле земјата.

    Од МВР информираат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички капацитети за забрзување на протокот на патници, во рамки на задолжителните гранични контроли.

    Според АМСМ, освен на „Дојран“, задржувања има и на граничниот премин „Табановце“, каде за влез во државата се чека околу 20 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги застои.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.