Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата продолжува со мерки за отворање
нови работни места, намалување на невработеноста и подобрување на
бизнис-климата.
Посочуваат дека во тек е јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“, преку кој ќе бидат поддржани компании за
вработување на вкупно 1.385 лица.
За секое ново работно место се предвидени грантови од 160.000 до 250.000 денари, со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра.
Мерката е наменета за микро, мали и средни претпријатија кои можат да добијат неповратни средства за вработување до
пет лица.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најголема финансиска поддршка е предвидена за вработување млади до 29 години, како и лица од ранливи
категории.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
