Црногорската полиција уапсила две скопјанки, на возраст од 55 и 33
години, под сомнение дека извршиле кражба во златарница во Игало.
Според полицијата, тие се претставиле како клиентки, а потоа го искористиле невниманието на вработената и украле четири златни ланци, кои ги сокриле во своите торби.
Осомничените биле уапсени во стан во Херцег Нови, а украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата.
Против двете осомничени е поднесена кривична пријава за кражба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
