Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Вашингтон порача дека
политички мотивираниот тероризам бара координиран меѓународен одговор,
силни институции и целосно почитување на владеењето на правото.
Тој учествуваше на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам, организиран на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според Муцунски, на состанокот со претставници од повеќе од 60 држави се разговарало за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици.
Тој оцени дека настанот претставува важна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери преку поефикасна размена на безбедносни информации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
