Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и со тоа го кочат напредокот на државата.
Според партијата, законикот е важен реформски процес поврзан со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и исполнувањето на обврските од Реформската агенда. Тие тврдат дека Македонија успешно реализирала девет од десетте реформи, а единствената пречка е блокадата од опозициските партии.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради недонесувањето на законот постои ризик од губење дополнителни средства од Планот за раст на Европската Унија.
Според нив, опозицијата ги става партиските интереси пред државните и наместо реформи избира политички опструкции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
