Левица ја обвини СДСМ дека поради договор со премиерот Христијан Мицкоски не дозволиле опозициско обединување за една изборна единица.
„Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!“, нагласува Левица.
Според нив, ако не се смени Изборниот законик Левица ќе биде оштетена како партија на изборите, покрај независните, а можно е тоа да им се случи и на други помали партии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
