Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ координирано го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик.
Според партијата, опозицијата само привидно повикува на разговори, а всушност нема намера да постигне договор.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека целта е да не се усвојат современи изборни правила и да не се олесни гласањето на македонската дијаспора. Велат дека опозициските партии веќе подготвуваат алиби за следниот изборен циклус, повикувајќи се на различни изговори околу изборниот процес.
Според владејачката партија, наместо реформи, СДСМ, Левица и ДУИ избрале блокади и политички пресметки.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
