СДСМ преку соопштение денеска обвини дека тврдењата оти блокадата на Изборниот законик го кочи европскиот пат на Македонија се свесна манипулација на власта. Од партијата велат дека Европската Унија не бара измени на Изборниот законик по мерка на една партија, туку фер избори, независно судство и борба против корупцијата.
Според СДСМ, предлозите што ги турка власта не се услов за напредок кон ЕУ, туку отвораат простор за манипулации во изборниот процес. Партијата оценува дека вистинската блокада на евроинтеграциите доаѓа од, како што
наведуваат, неспроведувањето на суштинските реформи од страна на власта.
Од СДСМ порачаа дека фер изборите се предуслов за членство во Европската Унија, а не законски решенија што, според нив, ѝ носат предност на власта.
