Цените на сировата нафтата повторно пораснаа на светските пазари и надминаа 79 долари за барел поради новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран. Барел нафта на лондонскиот пазар достигна цена од 79,34 долари, додека американската нафта се тргуваше за 74,57 долари.
Пазарите се вознемирени поради новите судири и неизвесноста околу безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец, кој е еден од најважните светски енергетски коридори. Иран повторно се закани со ограничување на сообраќајот низ теснецот, додека САД најавија поморска блокада и продолжување на воените активности.
Според податоците на компанијата „Кплер“, во неделата низ Ормускиот Теснец поминале само шест бродови, што е најмал број во последните пет недели. Во меѓувреме, Иран и САД продолжуваат со меѓусебни воени акции, дополнително зголемувајќи ја неизвесноста на енергетските пазари.
Аналитичарите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, можно е цените на нафтата дополнително да растат. Развојот на ситуацијата во Персискиот Залив останува клучен фактор што ќе го диктира движењето на цените на енергенсите во наредниот период.
