Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија
    Република

    Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ над Македонија

    12/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) ќе ја предводи истрагата за сериозниот инцидент со авионот „Боинг 737-800“ на „Рајанер“ (Malta Air), кој се случи во воздушниот простор над Северна Македонија.

    Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) за МИА потврдија дека, согласно Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), било побарано истрагата да му биде делегирана на американскиот NTSB.

    Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, изјави дека во истражниот тим ќе учествуваат и македонски експерти.

    „Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ“, изјави Прпоски.

    Тој посочи дека веднаш по добивањето на информацијата за инцидентот, КИНСИВ ги известил надлежните меѓународни институции, меѓу кои Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство (BEA), Грчката агенција за истрага на воздухопловни несреќи, NTSB и ICAO.

    Според авиокомпанијата „Рајанер“, авионот кој летал на релација Солун – Меминген бил принуден да се врати на аеродромот во Солун кратко по полетувањето, откако за време на летот дошло до сериозен инцидент при кој се откачил прозорец покрај едно од патничките седишта.

    При инцидентот полесно бил повреден еден патник, кој по безбедното слетување добил медицинска помош. Патниците биле вратени во терминалната зграда, а авиокомпанијата обезбедила заменски авион, со кој тие подоцна го продолжиле патувањето кон Меминген.

    Истрагата треба да утврди што го предизвикало оштетувањето на авионот и дали станува збор за технички дефект, структурен проблем или друг фактор.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.