Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Марин Ле Пен го објави слоганот под кој ќе ја води кампањата за претседателка на Франција
    Свет

    Марин Ле Пен го објави слоганот под кој ќе ја води кампањата за претседателка на Франција

    12/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, објави дека ја започнува кампањата за претседателските избори во 2027 година под слоганот „Преродба на Франција“. Таа изјави дека нејзината визија е обнова на индустријата, здравството, образованието, безбедноста и суверенитетот на Франција.

    Ле Пен порача дека земјата мора повторно да воспостави целосна контрола врз своите граници и ги критикуваше центристичките партии, оценувајќи дека тие ќе ги продолжат политиките на претседателот Емануел Макрон. Таа нагласи дека ќе се кандидира сѐ додека законски има право на тоа и дека нема да дозволи, како што рече, претседателските избори да му бидат одземени на францускиот народ.

    Ле Пен оцени дека одлуката на Апелациониот суд претставува победа за демократскиот процес и овозможува кампањата да се насочи кон политичките теми наместо кон судските постапки. Таа најави дека ќе соработува со претседателот на Национален собир, Жордан Бардел, во промовирањето на програмата за „ренесанса“ на Франција.

    Инаку, неодамна Апелациониот суд во Париз ја намали забраната за вршење јавни функции, со што ѝ овозможи да се кандидира на претседателските избори. Ле Пен порача дека сака да се затвори поглавјето со судскиот процес и дебатата да се насочи кон иднината на Франција.

    Претседателските избори во Франција се закажани за 18 април и 2 мај 2027 година. Според најавите, претстојната изборна кампања се очекува да биде една од најнеизвесните во последните години.

    Поврзани вести:

    Еболата се шири во Конго, потврдени случаи во нова провинција

    Еболата се шири во Конго, потврдени случаи во нова провинција

    Лавров: Русија нема да прифати прекин на огнот што ќе ѝ овозможи на Украина да се вооружи

    Лавров: Русија нема да прифати прекин на огнот што ќе ѝ овозможи на Украина да се вооружи

    19 лица повредени во судир меѓу товарен воз и автобус во Франција

    19 лица повредени во судир меѓу товарен воз и автобус во Франција

    Трамп ги осуди украинските напади врз руските рафинерии: Тоа е срамота

    Трамп ги осуди украинските напади врз руските рафинерии: Тоа е срамота

    Трагедија во САД: Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон

    Трагедија во САД: Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон

    Албанската полиција: Само мал дел од приведените на протестите се студенти

    Албанската полиција: Само мал дел од приведените на протестите се студенти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Еболата се шири во Конго, потврдени случаи во нова провинција

    16/10/2026

    Лавров: Русија нема да прифати прекин на огнот што ќе ѝ овозможи на Украина да се вооружи

    16/10/2026

    19 лица повредени во судир меѓу товарен воз и автобус во Франција

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.