Македонија и денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне од 30 до 38 степени. Во попладневните часови, особено во планинските и западните предели, можно е локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура до 37 степени и можност за краткотрајна нестабилност во делови од котлината. И во наредните денови ќе продолжи претежно сончево и топло време, со повремена нестабилност во попладневните часови. Метеоролозите препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
